Ана и Швајнштајгер со милионски подарок за првиот роденден на синот ФОТО

Станува збор за купен стан во Германија од страна на Ана и Швајни кој има 150 квадрати и се наоѓа во Минхен.

989

Српската тенисерка Ана Ивановиќ и германскиот фудбалер Бастијан Швајнштајгер минатата недела го прославија првиот роденден на својот син Лука, на кого му подарија стан во Германија, вреден повеќе од милион евра, ексклузивно дознава „Курир.рс“.

За таа прилика тие подготвиле и прослава, но за вистинскиот подарок момчето ќе дознае кога ќе порасне.

Станува збор за купен стан во Германија од страна на Ана и Швајни кој има 150 квадрати и се наоѓа во Минхен.

– Ана и Бастијан инвестираат во иднината на своето првенче. Тие не се двоумеа околу роденденскиот подарок, бидејќи сакаа да му обезбедат нешто што ќе му значи во животот. Иако двајцата се финансиски поткрепени, недвижностите никогаш не губат вредности, особено не во Германија. Бастијан е, инаку, емотивно поврзан за Минхен. Тоа е градот во кој играше фудбал и во кој живее неговото семејство – рекол изворот кој додава дека славната двојка за овој имот дала повеќе од еден милион евра.

Станот има околу 150 квадрати, три спални соби, една детска, голема дневна соба, голема тераса, гаража, кујна и две бањи. Тоа што е интересно е тоа што се е на копче.

 

Фото: Инстаграм

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...