Анархистичка организација одговорна за запалениот автомобил на турски дипломат во Солун

58

Анархистичката организација „Командос на револуционерната солидарност Хаукур Хилмарсон“ ја презеде одговорноста за запалениот автомобил на турскиот дипломат вработен во Конзулатот на Турција во Солун, јави дописничката на МИА од Атина.

Во текстот објавен на анархистички сајт, од организацијата велат дека го запалиле автомобилот поради турската интервенција во Сирија, „против турската фашистичка држава“ и во знак на поддршка и солидарност за револуцијата.

Минатиот понеделник, непознати лица го запалија паркираниот автомобил на турски дипломат во Солун, а беше предизвикана материјална штета во задниот дел на возилото.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...