Аналитички центар од САД: Северна Кореја поседува тајни бази со балистички ракети

63

Северна Кореја поседува најмалку 13 тајни бази со балистички ракети, способни да носат нуклеарно оружје, се наведува во вчера објавениот извештај на вашингтонскиот тинк-тенк Центар за стратешки и меѓународни студии.

Авторите на извештајот се повикуваат на извори од разузнавачките служби на неколку држави, тврдења на севернокорејски бегалци, јавни информации и сателитски снимки.

Точно се знае дека има 13 бази, но се проценува дека можеби се и околу 20, се вели во извештајот.

– Ракетните бази са мали, распространети низ државата, и со неколку исклучоци, лоцирани се во тесни планински долини – кажуваат податоците на американскиот центар

Сателитските снимки покажуваат дека Северна Кореја продолжува да ги модернизира тие бази.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...