АмЧам Македонија избра ново раководство

AмЧам континуирано работи на подобрување на локалната деловна средина преку организирање на настани за размена на знаења како и преку директен ангажман со креаторите на политиките во насока на идентификување на клучните економски и општествени предизвици и можни решенија

245

Американската стопанска комора во Македонија (АмЧам Македонија) на 18-то Генерално собрание избра 5 нови членови на Одборот на директори.

Членови на одборот се Маја Филипчева, менаџер за даноци и аутсорсинг услуги, Грант Торнтон Македонија; Никола Љушев, главен извршен директор, Македонски Телеком; Владимир Косијер, генерален Директор, Пивара АД Скопје; Љупчо Георгиев, генерален менаџер, Мајкрософт Македонија и Марјан Петрески, Заменик ректор за истражување, Универзитет Американ Колеџ Скопје.

Оваа година на Собранието присуствуваа 120 претставници од компаниите членки на Комората.

Настанот официјално го отвори тековниот Претседател на Одборот на директори, Славко Пројкоски, кој посочи дека деловниот сектор треба да има можност континуирано да дава препораки и коментари за предложени измени во законодавството, како и да разговара со креторите на политики за идеи кои би ја подобриле регулативата и би го зајакнале деловното опкружување.

АмЧам континуирано работи на подобрување на локалната деловна средина преку организирање на настани за размена на знаења како и преку директен ангажман со креаторите на политиките во насока на идентификување на клучните економски и општествени предизвици и можни решенија. Прашањата како што се јакнење на транспарентноста и предвидливоста на политиките, и подобрување на квалитетот на образованието се дел од приоритетите на членовите на Одборот на директори на АмЧам, Извршната канцеларија и членовите на комитетите – изјави г-дин Пројкоски.

Официјално обраќање имаше и амбасадорот на САД во Република Македонија,  Џес Бејли, кој нагласи дека АмЧам Македонија е најактивна странска и локална бизнис асоцијација во делот на заземање за деловната заедница, укажувајќи ја важноста од учеството на бизнис заедницата во демократските случувања и промени во земјата, како и можноста за напредок, проширување на пазарот, борба со корупцијата, зголемување на транспаретноста и предвидливоста на бизнис политиките како неколку од многуте придобивки од членството на земјата во НАТО.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...