Амнести Интернешнел: Иран тајно погубил двајца малолетници

67

Иран тајно погубил двајца малолетници поради повеќе обвиненија за силување, соопшти Амнести Интернешнел осудувајќи го „претераниот презир на Иран кон меѓународното и правата на децата“.

Роднините Мехди Сохрабифа и Амин Седагхар биле осудени во „нефер судење“ и во четвртокот биле погубени во јужниот град Шираз, соопшти организацијата за човекови права од Лондон.

Тинејџерите на телата имале лузни кои укажувале дека биле камшикувани пред да бидат погубени, тврди АИ.

– Иранските власти уште еднаш докажаа дека се болно подготвени да пратат деца во смрт, во очигледно кршење на меѓународното право, порача Филип Лутер, директор на Амнести за Блискиот исток и Северна Африка. Тој додаде дека момчињата од 2017 година биле држени во поправен центар, а еден ден пред извршување на смртната казна биле префрлени во затвор во Шираз.

Нивните семејства во средата добиле можност да ги посетат, но не биле информирани за смртните казни.

Иран по Кина е најтврдокорниот приврзаник на смртната казна, а се претпоставува дека годишно во земјата се извршуваат илјадници погубувања.

Податоците на Амнести покажуваат дека во Иран се извршуваат и најмногу смртни казни врз деца.

Меѓу 1990 и 2018 година Амнести собрал информации за 97 погубувања на лица кои се сметаат за деца.

Минатата година во Иран се исвршени 253 смртни казни, стои во годишниот извештај на Амнести.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...