Американци упаднаа во Рускиот конзулат во Сиетл

Претставници на американските власти влегоа во резиденцијата на рускиот генерален конзул во Сиетл, кој беше напуштен по барање на Вашингтон.

330

Претставници на американските власти влегоа во резиденцијата на рускиот генерален конзул во Сиетл, кој беше напуштен по барање на Вашингтон.

Извор од Руската амбасада во САД, изјави за руските медиуми дека американски официјални претставници „ја скршиле бравата и влегле” во резиденција, која е во сопственост на руската држава.

– Сведоци сме дека американската страна, со кршење на сите дипломатски и конзуларни конвенции, како и нејзиниот сопствен закон за заштита на правото на приватна сопственост, се обидува да влезе на нашата територија, за што доказ е обидот да се скрши бравата на влезната врата, изјави Николај Пукалов, шеф на конзуларниот оддел на Руската амбасада во САД.

Пукалов вчера изјави дека руските дипломати ја изнеле архивата и поголемиот дел од вредната опрема од зградата, откако претходно американска администрација нареди Конзулатот да се испразни до вечерта во вторникот.

Портпаролката на руското МНР, Марија Захарова изјави дека тоа е упад и заплена.

– Побрзајте да видите: Властите на САД почнаа опсада на комплексот на Рускиот конзулат во Сиетл. Ретка сцена – државна провала и одземање, наведе Захарова.

ФОТО: Твитер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...