Американците пониски и подебели од пред 20 години

170

За само 15 години, Американците го промениле својот изглед и сега се пониски и подебели, иако САД со години се борат против гојазноста, посочува ново истражување на Американската санитарна служба.

Студијата го опфаќа периодот од 1999 до 2016 година и посочува дека сега Американците просечно тежат 89,9 килограми, а Американките – 77 килограми. Пред 20-тина години, просечната тежина кај мажите во САД изнесувала 86, а кај жените 74 килограми. Истражувањето опфатило 47.000 Американци постари од 20 години.

Што се однесува до висината, денес таа кај Американецот е 175,4 сантиметри (наспроти 175,6 сантиметри во 1999), а кај Американките – 162,1 сантиметри (наспроти 161,7 сантиметри во 1999).

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...