Рејтинзите укажуваат остра поделеност на јавноста околу можното отстранување на претседателот Доналд Трамп од власт, демократите и републиканците пак внимателно го следат јавното мнение во однос на процедурата импичмент.
Според анкети спроведени на национално ниво, околу 50 отсто од Американците поддржуваат можно отстранување на Доналд Трамп од власт во случај да се докажи неговата вина. Од друга страна, нешто помалку од 50 отсто не се согласуваат со тоа.
Демократите се убедени дека јавните распити ќе помогнат да се дојде до фактите и постигање надпартиска поддршка и со тоа да добијат поширока поддршка за импичмент, смета Сузан Лау Блох од универзитетот Џорџтаун.
Засега, се уште, не е познато какво влијание ќе имааат сослушувањата врз општественото мнение и врз резултатите од претседателските избори во 2020 година.
– Треба да почекаме да се види какво влијание импичментот ќе остави врз изборите следната година. Во моментов, тој е во полза на засилување на ставовите на претставниците на спротивставените партии – изјави Рамеш Понуру од Американскиот институт за претприемаштво.
Републиканците внимателно го следат рејтингот на Трамп и експертите сметаат дека ако се покаже дека тој ја губи поддршката кај народот, некои од републиканските конгресмени можат да му го свртат грбот.
Ричард Никсон си даде оставка во 1974 година по изгубената подршка од неколку републиканци во Конгресот, а тоа се случи откако анкетите покажаа дека претседателот ја губи популарноста.
Бил Клинтон, пак, не беше отстранет од должноста од Сенатот, бидејќи имаше широка поддршка од Американците кои не го прифатија начинот на кој републиканците се обидоа да му ја одземат власта. Рејтингот на Клинтон порасна во текот на процедурата за негов импичмент.
Рејтингот, пак, на Трамп се уште останува на стабилните 41 отсто поддршка, малку помалку отколку при крајот на септември, кога започна процедурата за негов импичмент.
ФОТО: EPA / JIM LO SCALZO