Американски „Теламон“ гради фабрика во Македонија

453

Американската мултинационалната компанија „Теламон“ денеска го потпиша договорот за реализација на својата инвестиција во Македонија која ќе произведува електрични кабли за автомобилската индустрија. Компанијата планира да инвестира 11 милиони долари.

Како што изјави на прес-конференцијата по тој повод диртекторот на компанијата Том Пуза планирана е долгорочна соработка, а Македонија ја избрале помеѓу повеќе земји од Централна и Источан Европа за да го прошири своето производство од САД во Европа.

Договорот го потпишаа министерката за привлекување странски инвестиции Зорица Апостолска и директор на „Теламон“ Том Пуза. На потпишувањето на договорот присуствуваа премиерот Зоран Заев и вицепремиерот за економски прашања Кочо Ангушев.

– Остануваме посветени на создавање поволна деловна бизнис и атрактивна клима за да ја препознаат Македонија како стабилна долгорочна бизнис дестинација која обезбедува и сигурност на нивната инвестиција и капитал – рече премиерот Заев.

Тој додаде дека поканата што ја добивме за почеток на преговори за членство во НАТО рече дека уште повеќе ќе ја зацврсти оваа позиција на Макеоднија како посакувана и стабилна дестинација.

– Граѓаните ќе го поддржат нашето членство во ЕУ и НАТО бидејќи знаат дека придобивките се огромни, имаат една посакувана цел подобрување на животот на сите – рече Заев.

Вицепремиерот Анѓушев рече дека изборот на „Теламон“ да го прошири своето производство во Македонија покажува дека земјата е конкурентна во својата политика на поддршка на директните странски инвестиции.

– Таквите компании ја препознаваат Македонија како место за развој на нивниот натамошен бизнис и стратегија како компанија. Тоа не поттикнува да ги развиваме нашите економски политики и ни кажува дека сме на добар пат да го имплементираме она што сме го смислиле – рече Ангушев.

Појасни дека претставници на компанијата дошле само пред шест месеци, а за овој период Владата успеала да им создаде  услови таа да почне со своите активности.

Директорот на компанијата Том Пуза најави дека првично ќе бидат инвестирни четири милиони евра со вработување на 300 лица, а долгорочниот план е инвестиција од 11 милиони евра и 600 вработување.

-До крајот на годината очекуваме да имаме 50 вработени, веќе се примени првите, а првите производи до потрошувачите да ги испорачаме до есен – рече Пуза.

„Теламон“  работи во Мексико, Кина и САД каде што има претставништва на девет локации. Ова е прва фабрика отворена во Европa.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...