Американски судија нареди Белата куќа да му ја врати акредитацијата на новинарот на Си-Ен-Ен

80

Американскиот федерален судија и нареди на Белата куќа веднаш да ја обнови акредитацијата на новинарот на Си-Ен-Ен, Џим Акоста.

Акредитацијата на Акоста му беше одземена минатата недела, откако тој влезе во расправија со американскиот претседател Доналд Трамп на прес-конференција.

Судијата Тимоти Кели нареди акредитацијата на новинарот да му биде вратена.

Акоста во изминатите две години многупати влегол во расправија со Трамп и портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс.

Трамп јасно покажуваше дека не му се допаѓа Си-Ен-Ен уште пред да стане претседател и продолжи со истиот став по доаѓањето на власт. Тој ја дефинира телевизијата како „лажни вести“.

Караницата почна откако Акоста му постави прашање на Трамп за караванот мигранити кои од Јужна Америка се движи кон САД.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...