Во писмото што го испратија до претседателот, велат дека царините од 25 отсто, кои Трамп ги предлага за чевлите увезени од Кина, ќе имаат катастрофални последици врз потрошувачите, компаниите и за американската економија во целост.
Погодени од ваквата ситуација се и познатите брендови „Адидас“, „Најк“ и „Андер армор“, јави Гласот на Америка.
САД минатата година увезоа чевли од Кина во вредност од 11.4 милијарди долари, иако некои производители го префрлија бизнисот во други држави, како Виетнам и Камбоџа.
Компаниите велат дека предложените царини за чевли произведени во Кина можат да ги чинат американските потрошувачи повеќе од седум милијарди долари годишно, покрај веќе постоечките давачки.
На 10 мај Трамп ги зголеми царините на кинескиот увоз од 200 милијарди долари од 10 на 25 отсто.