Американски економисти се особено загрижени за ризиците што ги носат економските мерки на претседателот Доналд Трамп и тие очекуваат рецесија во САД до крајот на 2021 година.
Триесет и четири проценти од економистите анкетирани од Националното здружение за деловна економија (НАБЕ) изразија уверување дека економското забавување ќе премине во рецесија во 2021 година, според истражувањето објавено денеска.
Ова е повисоко од анкетите во февруари, кога 25 отсто имале такви ставови.
Само два проценти од анкетираните очекуваат рецесијата да започне оваа година, додека 38 проценти очекуваат тоа да се случи во 2020 година. Тие претходно изразија стравувања дека тарифите на Трамп и големиот буџетски дефицит на крајот може да го задушат економскиот раст.
Што се однесува до изгледите за успех во последната рунда разговори меѓу САД и Кина, американските економисти исто така изразија скептицизам, се нагласува во истражувањето на НАБЕ.