Воен авион на ВВС на САД, Ф-16 исфрли симулациски проектил додека траеше вежбовен лет над јапонската префектура Аомори.
За инцидентот информираше американската Команда во Јапонија.Пентагон денеска соопшти дека врши истрага за инцидентот. Ракетата паднала во реон на селото Рокас. Тоа е неколку километри од определената зона за летови.
Нема информации за жртви или штети.
Само во 2017 година беа регистрирани 25 инциденти на американските сили станционирани во Јапонија. Во декември 2016 година американски воен авион се урна за време на полнење гориво во воздух.