Претседателот на САД Доналд Трамп нареди американските знамиња да бидат поставени на половина копје во знак на почит за жртвите во нападот во училиште во градот Санта Фе, Тексас, каде што десет лица, претежно ученици, беа убиени, а десет други повредени.
Посочено е дека американските знамиња во Белата куќа и другите јавни згради и места, воени бази и бродови, како и во американските амбасади ќе бидат поставени на половина копје до 22 мај.
Знамето на Белата куќа веднаш е поставено на половина копје.
Ова е втор најсмртоносен напад во училиште во САД годинава, по оној во февруари во сојузната држава Флорида, кога загинаа 17 лица.