Сојузниот американски суд му наложил на Иран да плати шест милијарди долари отштета на семејствата на жртвите од нападот на 11 септември 2001 година на САД, бидејќи е утврдено дека различни владини ентитети на Иран се одговорни за нападите.
Сојузниот суд утврдил дека Иран им дал материјална поддршка на Ал – Каеда, но не се очекува дека Техеран тоа некогаш ќе го плати.
Семејтвата на жртвите на нападите најавиле план на проширување на обвинението и против Саудијска Арабија.
Судијата Џорџ Даниелс соопштил дека Исламската Република Иран, Револуционерната гарда на Иран и Централната банка на Исламската Република се одговорни за помагање и подршка на терористичките напади во кои настрадаа повеќе илјади невини луѓе, пишува Дејли Меил.
Адвокатот на семејствата Роберт Хефел рекол дека судот утврдил дека Иран овозможил материјална поддршка на Ал – Каеда.
– Според изнесените докази, Иран дал материјална подршка на Ал – Каеда, што било причина за нападот на 11 септември и што предизвика штета, повреди и загуба на човечки животи – рекол Хефел за АБЦ.