Американскиот сенатор Џон Мекејн го прекинува лекувањето против тумор на мозокот

410

Американскиот сенатор Џон Мекејн одлучи да го прекине лекувањето од агресивна форма на тумор на мозокот, соопшти денеска неговото семејство, една година откако виетнамскиот воен ветеран соопшти за својата болест.

– Џон надмина очекувањата за преживување со болеста, соопшти неговото семејство и додаде дека болеста напредува и возраста на Мекејн – 81 години, го натерала да престане со лекувањето на „агресивен глиобластом”.

Мекејн е сенатор од Аризона.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...