Американскиот разурнувач „Доналд Кук“ се вкотви во Одеса

121
ФОТО: МИА

Американскиот ракетен разурнувач „Доналд Кук“ вплови во украинското пристаниште Одеса.

Бродот во Одеса ќе остане до 27 февруари.

„Доналд Кук“ во црноморскиот регион е присутен од 19 февруари. Според Командата на шестата американска воена морнарица бродот спроведува „операции за осигурување на безбедност на море“.

Екипажот веќе учествуваше во воените вежби со турската фрегата „ТЦГ Фејт“. Слични маневри се планирани и со бродовите на украинската воена морнарица.

Тоа е втор пат за една година американски разурнувач да вплови во Црно Море. „Доналд Кук“ кон крајот на јануари пет дена беше вкотвен во грузиското пристаниште Батуми.

Руски бродови ја набљудуваат акцијата на американскиот брод.

ФОТО: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...