Претседателот на САД Доналд Трамп го разреши Џеф Сешнс од функцијата министер за правда (главен обвинител) на САД.
„На ваша молба, поднесувам оставка“, се вели во текстот на изјавата на Сешнс испратена до Белата куќа.
Трамп на Твитер објави дека за в.д. министер за правда е назначен Метју Витејкер, досегашен шеф на Кабиентот на Сешнс.