Врховниот суд на САД соопшти дека ќе ја разгледа молбата на американскиот претседател Доналд Трамп да не се објавуваат податоците за неговите даноци, банкарски и финански сметки.
Расправата ќе поче во март, а судиите одлуката ќе мора да ја донесат и објават до јуни.
Доколку пресудат против Трамп, претседателот ќе мора да ги објави податоците за личните финансии, што веќе подолго време се обидува да го избегне и спречи, наведува Гласот на Америка.
Трамп тужбата ја поднесе за да ги спречи банките да им ги предадат неговите финансиски документи на конгресните одбори во Претставничкиот дом и на обвинителот на Менхетн.
Врховниот суд, исто така, ќе одлучува дали на обвинителот од Менхетен ќе треба да му се дадат сите даночни пријави на Трамп од последните осум години, што е дел од актуелната истрага.
Трамп досега ги загуби споровите со пониските судови, но одлуката не е конечна, ниту извршна, се додека за тоа не се изјасни Врховниот суд. Во ова деветчлено судсико тело мнозинството го имаат конзеравтивците, а двајца од судиите се токму на предлог на Трамп.