Американската војска забрани употреба на кинески телефони

97

Војниците во американските воени бази повеќе нема да можат повеќе да купуваат телефони на кинеските марки Хуавеи (Huawei) и ЗТЕ (ZTE), бидејќи тие претставуваат недозволива опасност за безбедноста, соопшти Пентагон.

– Апаратите Хуавеи и ЗТЕ може да претставуваат неприфатлив ризик за персоналот, информациите и воените мисии – изјави портпаролот на Министерството за одбрана на САД Дејв Истборн.

Тој дополни дека со оглед на тоа, не би било мудро продавниците раководенени од армијата во американските бази во светот, да продолжат да ги продаваат.

Истборн прецизира дека наредбата за забрана на тие марки телефони била дадена на 25 април.

Портпаролот не соопшти детали за техничките аспекти на овие потенцијални закани, но според весникот. „Волстрит џурнал” Пентагон стравува дека кинеската влада може да ги следи војниците преку уредите на Хуавеи и ЗТЕ.

Портпаролот на Хуавеи Чарлс Зинковски изјави дека апаратите на компанијата одговараат на највисоките барања за безбедност и приватност во секоја земја во која оперира, вклучително и во САД.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...