Осумдесет и деветгодишната Американка Ела Вашингтон дипломира на Универзитетот Либерти во Вирџинија во класата 2018. Жената сега планира да запише и магистерски студии.
Медиумите од САД бележат дека Ела се омажила многу млада и набрзо станала мајка. Напорно работела и не можела да заврши факултет, а отсекогаш сонувала за тоа. Работела како чувар во Пентагон, а потоа, на свои 49 години, завршила за медицинска сестра и работела во дом за стари лица. Пред шест години се запишала на факултет.
– Сакам историја, тоа ми е омилен предмет. Секој треба да ја знае својата историја – рекла Ела и додала дека образованието е најважна работа, што ја обликува личноста и нуди можност да се добие најдоброто од животот.
ФОТО: Твитер/Liberty Alumni