Американец наводно малтретиран во Русија, САД со протестна нота

66

Американската амбасада во Москва упати протестна нота до руското Министерство за надворешни работи поради наводно малтретирање на американскиот државјанин Пол Вилан во притворот, пред судењето за обвинение за шпионирање против Русија.

– Побаравме истрага и обезбедување на безбедноста и заштита на господинот Вилан, наведува американската амбасада на Твитер.

Вилан (48) е глобален шеф на обезбедувањето на компанијата „Борг Ворнер“ со седиште во Мичиген, која произведува самоодни компоненти. Тој има и британски, канадски и ирски пасош.

Федералната служба за безбедност на Русија соопшти претходно дека Вилан е уапсен во декември минатата година во Москва додека, наводно, бил во шпионска мисија.

Против него е покрената кривична истрага под обвинение за шпионажа, за која е предвидена казна затвор од 10 до 20 години.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...