Американец кој како дете бил жртва на сексуална злоупотреба на свештеници ги повика другите жртви да го прекинат молкот, а неговите адвокати откриваат дека Надбискупијата на Чикаго платила 80 милиони долари за случаи на сексуално злоставување.
– Знам дека има многу повеќе жртви кои молчат и страдаат. Треба да стават крај на молкот – рече Џо Лаконо на прес-конференција, кој бил сексуално малтретиран од свештеник во својата парохија на 11-годишна возраст.
Неговиот адвокат, Џеф Андерсон, рече дека Надбискупијата од Чикаго им платила 80 милиони долари на своите 160 жртви во изминатите дваесет години. Беа обвинети 48 свештеници.
Надбискупијата не беше достапна за коментар. Католичката црква во САД плати повеќе од 3 милијарди американски долари за вонсудски спогодби од почетокот на кризата од поетокот на 2000 година, соопшти невладината одговорност „Бишоп Акаунтабилити“.