Американец е осуден на 150 дена казна затвор и три години условно, поради неговата бизарна потреба – да затнува женски тоалет-школки.
Патрик Д. Бимен (26) од американската сојузна држава Висконсин тоа го правел на местата каде што работел, меѓу кои и рекреативен центар во месноста Шебојган. Тој во тоалет-школките ставал пластични шишиња, и тоа само во женски тоалети.
На судењето тој навел дека се кае, но и дека не може да објасни зошто го правел тоа, а имал силен нагон за тоа.
Извештаите велат дека секое затнување причинило штета од околу 200 долари, оти некои школки требало и да бидат извадени.
Затоа, по одлуката на судот, Бимен мора да плати околу 5.500 долари, како и условна казна и 100 часа општествено-корисна работа.