Амбасадорот Скот ги повика Белград и Приштина да стават точка на судирите од 90-ите

56

Американскиот амбасадор во Србија, Кајл Скот, денеска порача  дека „ дојде време да се стави точка на судирите од 90-тите“ и ги повика властите во Белград и Приштина што побрзо да се вратат на дијалогот со посредство на ЕУ, пренесе Фена.

„Дојде време да се стави точка на судирите од деведесетите. Ги повикувам Белград и Србија што е можно поскоро да го обноват дијалогот под патронат на ЕУ и да се воздржат од преземање чекори кои оневозможуваат постигнување договор“, напиша Скот на својот Твитер.

Покрај оваа порака американскиот амбасадор објави и фуснота на текстот од вчерашната заедничка изјава со која пет земји членки на НАТО  ги повикаа Србија и Косово да ги деблокираат преговорите за нормализација на односите и да дојдат до обврзувачки документ во интерес на регионалната стабилност.

САД, Велика Британија, Франција, Германија и Италија од Приштина бараат да ги укине царинските такси за стоките од Србија, а од Белград да ја прекине кампањата со која од други земји бараат повлекување на признавањето на независноста на Косово, пренесе Хина.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...