Амбасадорот на кој Трамп му порача дека „нема работа со него“, поднесе оставка

169
ФОТО: EPA / MICHAEL REYNOLDS

Британскиот амбасадор во САД Ким Дерок, кој ја критикуваше администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, поднесе оставка.

Во оставката амбасадорот напиша дека станало невозможно повеќе да ја извршува функцијата.

Одлуката за неговата оставка ја потврди британското Министерство за надворешни работи.

Трамп завчера порача дека „повеќе нема да има работа“ со британскиот амбасадор Дерок, кој оцени дека администрацијата на Трамп е „дисфункционална и неспособна“.

„Не го познавам амбасадорот, но за него не мислат добро во САД и не им се допаѓа. Нема да имаме повеќе работа со него“, напиша Трамп на Твитер.

ФОТО: EPA / MICHAEL REYNOLDS

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...