Амбасадорот на Венецуела во ОН: САД се обидуваат да започнат војна

68
ФОТО: EPA / MICHAEL REYNOLDS

Амбасадорот на Венецуела во ОН, Самуел Монкада ја обвини администрацијата на Доналд Трамп за саботирање на преговорите меѓу Владата на венецуелскиот претседател и опозицијата.

Тој нагласи и дека Вашингтон се обидува да започне војна.

На прес-конференција во седиштето на ОН во Њујорк, Монкада нагласи дека администрацијата на Трамп е најрасистичката власт во историјата на западната хемисфера и ја обвини дека „се обидува да фабрикува војна против Венецуела“.

Монкада истакна дека тоа јасно се забележува од изјавата на советникот на Трамп за национална безбедност Џон Болтон дека САД „не веруваат во дијалог, туку во акција“, како и дека „Мадуро мора да замине“.

Тензиите во односите меѓу Вашингтон и Каракас дополнително ескалираа откако САД синоќа го замрзнаа целиот имот на венецуелската Влада. Венецуела соопшти дека таа одлука претставува закана за светскиот поредок и побара од Советот за безбедност на ОН итно да ги истражи „опасните“ акции на САД.

ФОТО: EPA / MICHAEL REYNOLDS

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...