Амбасадорите на НАТО ќе расправаат за состојбата на Блиски Исток

Техеран најави одмазда за командантот на Ал Кудс силите, додека во Ирак пратениците побараа 5.200 американски војници кои се стационирани таму да ја напуштат државата.

78

Амбасадорите на НАТО ќе се состанат денеска во седиштето во Брисел додека се зголемуваат тензиите на Блискиот Исток, откако американските сили убија висок ирански генерал.

– Северноатлантскиот совет ќе ја разгледа ситуацијата во регионот. Генералниот секретар одлучи да го свика состанокот на амбасадорите на НАТО по консултациите со сојузниците – изјави претставник на НАТО.

Минатонеделното убиство на Касим Сулејмани во американски напад со беспилотно летало на аеродромот во Багдад изненади многу од сојузниците на Вашингтон и предизвика повици за деескалација.

Техеран најави одмазда за командантот на Ал Кудс силите, додека во Ирак пратениците побараа 5.200 американски војници кои се стационирани таму да ја напуштат државата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...