Насловната страница на мајското издание на американскиот магазин „Вог“ ја краси Амал Клуни (40), која во големо интервју, зборувала за својата успешна адвокатска кариера, но и за приватниот живот, за славниот сопруг Џорџ Клуни.
– Имав 35 години кога го запознав. Не мислев дека мене може да ми се случи љубов. Не сум посакувала ниту сум била возбудена од идејата да се омажам и да создадам семејство без тоа. Имав чувство дека нашата љубов е најприродната работа на светот. Пред тоа искуство, секогаш сум се надевала дека постои голема љубов која не бара никакво калкулирање ни одлучување. Љубовта за мене е најголемата дефиниција за среќа – рекла Амал, која Џорџ го запознала преку заеднички пријатели, во неговата вила во Комо, Италија.
Извесно време комуницирале преку имејл, првото рандеву се случило во Лондон. Откако размениле неколку имејлови (Амал инаку сака да комуницира преку имејлови), Џорџ и рекол дека наводно му треба правна помош околу кучето Ајнштајн.
Џорџ ја добил идејата да ја запроси кога биле со неговите пријатели на сафари во Африка.
– Стоевме и одеднаш се создадоа жирави кои одеа директно накај Амал. Како да паднаа од ведро небо. Ја фотографирав како се смее. Му реков на мојот пријател Бен: „Ќе ја прашам да се омажи за мене“ – рекол Џорџ.
Амал признала дека тој многу и се допаѓал и пред нивниот прв состанок во лондонскиот ресторан. Таа, исто така, рекла дека се откажала од љубовта и мајчинството пред да се запознае и омажи за Џорџ.
Амал и Џорџ се венчаа во 2014 година во Венеција, а лани ги добија близнаците Ела и Александар.
Амал рекла за „Вог“ и дека десетмесечните близнаци веќе ги изговориле своите први зборови, како и дека секое утро помеѓу шест и осум часот се качуваат во креветот помеѓу мама и тато.
– Веќе изговорија „мама“ и „тато“. Џорџ многу внимаваше првиот збор којшто ќе го изговорат да биде „мама“ – додала Амал.
Адвокатката за човекови права рекла дека сега со близнаците е многу полесно отколку кога се родиле.
Насловната страница и едиторијалот ги потпишува легендарната модна и портретна фотографка Ени Либовиц.
ФОТО: Инстаграм