Ал Пачино за првпат во ТВ-серија

162

Првпат во својата над 50 години долгата кариера како глумец, Ал Пачино ќе се испроба и во ТВ-серија (не во мини-серија, туку со повеќе продолженија). Прикажувањето започнува денеска на Амазон Прајм Видео.

Приказната на „Ловци“ (Hunters) е сместена во Њујорк, во 1977 година, и го следи Мајер Оферман (Ал Пачино), водач на групата ловци на нацисти, кој претходно го преживеал холокаустот. Тој дознава дека во САД тајно живеат стотици поранешни нацисти кои планираат „Четврти Рајх“, и тоа во Америка. Серијата е инспирирана од вистинити приказни.

– Никогаш досега не сум снимил серија од 10 епизоди. Тоа е нешто како 12-часовен филм… Патем, ова е луда приказна… Страшна, но и полна со длабоки емоции – рече Пачино, кој во април полни 80 години.

Режисерот на серијата, Дејвид Вејл, меѓу другото, сака и да ги пренесе раскажувањата на својата баба што го преживеала холокаустот, нејзините искуства на војната за коишто тој ги слушал како дете.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...