Ал Багдади: Во тек се нови операции на ИД

140

Медиумската мрежа на Исламска држава денеска објави аудио снимка, во која се тврди дека е од водачот на таа терористичка организација, Абу Бакр ал-Багдади, во која тој предупредува дека се во тек нови операции.

– Операциите се одвиваат на различни фронтови – вели Багдади на снимката објавена на мрежата Ал Фуркан. Тоа е негова прва порака од април.

Тој наведе неколку локации каде ќе бидат извршени нападите, како што се Мали и Левантскиот Залив, но не го откри времето за можните напади.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...