Алкохол ќе се продава и во киосци

Измените на Законот за трговија предвидуваат укинување на временското ограничување за продажба на алкохол воведенно во 2008 година.

344

Граѓаните ќе можат да купуваат алкохол и во киосци. Ова го предвидуваат измените на Законот за трговија со кои се предвидува укинување на временското ограничување за продажба на алкохол воведено во 2008 година.

Измените на Законот за трговија се доставени до Собранието на расправа.
Со предлог – законот се предвидува: продажбата на алкохолни пијалоци во трговијата на мало и понатаму да се врши во лиценцирани продажни објекти, но при тоа нема да се бараат исполнување на минимално-технички услови во продажниот објект за продажба на алкохолни пијалоци.

Исто така со законот се предвидува да не се ограничуваат малопродажните објекти во кои ќе се врши трговија со алкохолни пијалоци, односно се предвидува да се дозволи продажбата на истите да се врши и во киосците.

Предлог – законот исто така предвидува да не се ограничува времето за продажба на алкохолни пијалоци во малопродажните објекти во трговијата на мало.
Исто така се брише обврската за исполнување на минимално технички услови за продажба на алкохолни пијалоци за продолжување на лиценцата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...