За прв пат светски пејач и композитор ќе го води доделувањето на најзначајните музички награди, а церемонијата ќе се одржи во „Стејпл центар“ во Лос Анџелес на 10 февруари 2019 година. Исто така, за прв пат жена во 14 години ќе се најде во оваа улога.
– Јас сум толку возбудена што можам да ви откријам дека ќе бидам домаќин на 61. „Греми“ награди – објавила Алиша Кис (37) на нејзиниот канал на Јутјуб, каде што објави видео на кое им кажува на обожавателите за гламурозниот настан.
Алиша е добитничка на 15 „Греми“ награди.
ФОТО: Инстаграм