Албански новинар од АП бил испрашуван од израелски агенти

260

Новинарот Неби Чена , Албанец , бил испрашуван 45 минути од израелски агенти .

Новинарот , кој 10 години работи за агенцијата Асошијатед Прес , бил спречен да известува за посетата на британскиот принц Вилијам во резиденцијата на премиерот Нетанјаху. На влезот во резиденцијата бил задржан и испрашуван за неговата верска и етничка припадност.

Чена веќе десет години е главен телевизиски продуцент на АП за Израел и Палестинските територии, но овој пат бил спречен да влезе и го испуштил настанот. Тој тврди дека агентите многу се интересирале за неговото етничко потекло.

Од кабинетот на Нетанијаху подоцна се извиниле со образложение дека станува збор за човечка грешка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...