Албанските студенти повторно на протести

112
ФОТО: МИА

Албанските студенти, по тринеделното „запоседнување“ на факултетите повторно се вратија на протести, барајќи исполнување на нивните осум барања, кои според нив ќе обезбедат поквалитетно образование.

Вчера тие протестираа пред Министертвото за образование и Владата, а денеска се собраа пред албанскиот законодавен дом.

Од друга страна и професорите искажуваат револт посочувајќи дека „автономијата на унивезитетите и академските слободи се доведени во прашање“.

Претставниците на студентите од протестите, ги повикаа професорите и „физички“да им се приклучат во протестите.

Во соопштение тие ја информраат јавноста дека не се откажуваат од протестите се до исполнување на нивните барања.

– Прво, ние како студенти не се откажавме од нашата главна битка за квалитетно образование. Второ, во моментов се наоѓаме во клучен момент на нашите протести и очекуваме нашите професори од вербалните изјави и охрабрувања што ни ги даваат, да ни се придружат физички во протестите и бојкот на наставниот процес до вистинско исполнување на нашите барања. Универзитетот е заеднички на студентите и професорите – стои во соопштението.

Масовни протести студентите одржуваа речиси цел декември. Истите ги прекинаа за време на божиќните и новогодишни празници,по што влегоа во факултетските простории и не дозволуваа влез ни на вработените ни на претставници на ресорното министерството.

ФОТО: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...