Албанската полиција разоткри иранска терористичка ќелија, која подготвувала терористички акт во Албанија, на празник на бекташката верска заедница Султан Невруз.
Генералниот директор на полицијата, Арди Велиу на прес-конференција ги објави и имињата на иранските терористи, чија мета била Албанија и дека „главата“ на ова ќелија е оперативецот на Силите ЌУДС, познат како пејман.
Пејман, за кого не се наведуваат други податоци бил постојан жител на Иран и од „дистанца раководел со оперативци во Албанија и во други земји на Централна и Западна Европа“.
– Меѓу другото, тој го иницирал и го спровел последниот обид за напад во март 2018 година. Пејман менаџира многу оперативци, некои за собирање на информации и другите за извршување на терористички напади. Еден од оперативците е Ерван Арам (45) познат како Алиреза Нагхашзадех испратен во Албанија за прбирање информации, додека другиот оперативец е Абдолхалегх Малек Задех (40), познат како Ферхат, кој раководел со оперативната ќелија – истакна Велиу.
Посочи дека од истрагата полицијата утврдила дека водачот на ќелијата работел во последните две години со босот на турската мафија, Абдулселам Тургут (52), позната фигура на организираниот криминал и на планирање на терористички напади.
Велиу додаде дека албанските безбедносни институции постојано работат на запирање на вакви напади.