Албанската опозиција: Извештајот на Стејт департментот ги потврди нашите обвинувања за перење пари

Најголемата албанска опозициска сила, Демократска партија оцени дека последниот извештај на американскиот Стејт департментот ги потврдува обвинувањата на опозицијата оти парите од дрогата се перат во градежништвото.

70

Најголемата албанска опозициска сила, Демократска партија оцени дека последниот извештај на американскиот Стејт департментот ги потврдува обвинувањата на опозицијата оти парите од дрогата се перат во градежништвото.

– Владата ги затвори очите пред перењето пари во областа на градежништвото, овозможувајќи бетонирање на парите од организиран криминал, кој, според извештајот, има омилено засолниште во нашата земја, бидејќи како што е наведено во извештајот на Стејт департментот, иако постои закон за борба против перењето пари, тој е неефективен, посочи пратеничката Јорида Табаку.

Според неа, извештајот исто така ги наведува и причините.

– Албанија генерира софистицирани организации во смисла на организиран криминал, вклучително и дрога и нејзина недозволена трговија, шверц фаворизиран од слабата царинска контрола. Во услови на една неформална економија, со парите што доаѓаат од странство во форма на дознаки, ја претворија Албанија во регионален оперативен центар за организиран криминал и база за перење пари, додаде таа.

Реагирајќи на извештајот третата по бројност политичка партија во Албанија, Движењето за социјалистичка интеграција, оценува дека по овој извештај „албанскиот премиер е мртов“.

– Америка кажа. Премиерот ја претвори земјата во гигантска машина за перење пари од криминал. Премиерот до гуша е закопан во организиран криминал со што ја оцрни Албанија како земја каде криминалот ја зафатил политичката власт, Владата и економијата, оцени Петрит Васили, потпретседател на партијата,посочувајќи дека изминало времето на овој премиер (Еди Рама).

Инаку, според американскиот Стејт департментот Албанија и понатаму останува земја лидер за перење пари.

Во извештајот за 2017 година се наведува дека Албанија се уште е во значителен ризик од перење пари, големата корупција и слабите институции.

Како главни извори на „валканите пари“ се споменуваат недозволената трговија со дрога, даночното затајување, криумчарењето и трговија со луѓе.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...