Албанската економија за девет месеци забележала раст од 4,35 отсто

90

Во периодот јануари-септември годинава албанската економија забележала раст од 4,35 осто,споредено со истиот период лани.

Без оглед на забележаниот раст над планираниот тој сепак зависи од енергетскиот сектор и туризмот. Без овие два сектора растот би бил 1,7 отсто, изјави Делина Ибрахимај,директорка на Институтот за статистика.

Што се однесува до  третиот квартал од годинава албанската економија забележала раст од 4,48 отсто,споредено со истиот период лани.

И во овој период силно позитивно  влијание врз растот на економијата имаат енергетскиот сектор и туризмот.

Според Ибрахимај, придонесот на енергијата е 1,71 отсто, додека  туризмот 1,12 отсто.

– Освен енергијата и туризмот, другите сектори кои имаат позитивно влијание врз економскиот раст се градежништвото и земјоделството. Додека од страна на побарувачката, економскиот раст бил подржан од зголемувањето на потрошувачката со 3,86 отсто  и приватните инвестиции кои белажат раст од  5,4 отсто, – рече Ибрахимај.

Ова е трет последователен квартал во кој албанската економија бележи раst за над 4 отсто, надминувајќи ги очекувањата на ММФ, па дури и самата влада, која предвидуваше раст на годишно ниво од 4,2 отсто.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...