Албанската владеjачка коалиција обвини дека опозицијата сака да ја врати земјата во 1997/98 година

50

Албанската владеjачка Социјалистичка партија на синоќешната средба со коалициските партии, анализирајќи ја актуелната политичка состојба во земјата, по напуштањето на Парлеменот од страна на Демократската партија и Социјалистичкото движење за интеграција и протестите оценија дека „опозицијата со напуштањето на храмот на демократијата настојува силно да му наштети на националниот интерес“.

Во заедничкото соопштение на 26-те коалицски партнери се обвинува опозицијата дека „ со реториката и употребата на сила за политички цели се обидува да ја дестаблзира Албанија и да ја врати во 1997/1998 година“.

– Демократската партија и Социјалистичкото движење за интеграција(ЛСИ) преку протести се обидуваат во Албанија да создадат хаос и нефункционирање на институциите на власта. Тие бараат да се повтори она што се случи во земјата во март 1997 и септември 1998 година кога државата беше во целосен хаос. Сите нивни активности се вперени против националните и стратешки интереси на Албанија само заради лични интереси на нивните лидери,обвини Таулант Бала, генерален секретар на Социјалистичката партија и координатор на пратеничката група.

На средбата подржана е иницијативата за измени во Изборниот законик со што на локалните избори закажани за 30 јуни годинава да може да гласа и албанската дијаспора.

Потврдено е и на овие избори коалицијата, која ја сочинуват 26 партии, предводена од СП, заедно да оди на избори.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...