Албанија типува на работниците од земјава

Тоа значи дека државјаните на земјава, а кои се со албанско етничко потекло во иднина не мора да поседуваат работна дозвола или потврда дека се работно ангажирани од фирмата каде работат.

230

Албанската Влада донесе одлука за либерализација на пазарот на труд за Албанците од Северна Македонија, како и оние од Црна Гора, објави на својот профил на Фејсбук, министерот за Европа и за надворешни работи, Гент Цакај.

Тоа значи дека државјаните на двете земји, а кои се со албанско етничко потекло во иднина не мора да поседуваат работна дозвола или потврда дека се работно ангажирани од фирмата каде работат.

Претходно ваква одлука Владата во Тирана донесе за Албниците од Косово и од Прешевската Долина, односно јужниот дел на Србија.

– Оваа одлука е составен дел од напорите на Владата за либерализација на пазарот на труд за Албанците во целина. Без оглед на тоа што ова може да изгледа како акција без итно влијание или звучи како потполно симболична иницијатива, ова е неопходен чекор за зголемување на врските на Албанија со Албанците во соседните земји без разлика – напиша Цакај.

Додава дека оваа одлука, сепак, е само дел од поширок пакет мерки што Албанија ги планира за приближување на Албанците во целина.

-Наскоро ќе се видиме со слични одлуки – стои на крајот од постираниот текст на Цакај.

Во коментарите може да се забележат од оние кои ваквата одлука ја поздравуваат до оние кои не се согласуваат зашто како што наведуваат „во Албанија нема работа за нив, а не за оние од соседните земји“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...