Албанија повторно се најде на „сивата листа“ за перење пари и други ризици од организиран криминал, од каде беше избришана во 2015 година.
Според меѓународната агенција за следење на финансирањето на тероризмот (ФАТФ) додадени седум нови земји на „сивата листа“.
Освен Албанија,меѓу 100 – те држави,се најдоа и Барбадос, Јамајка, Маурициус, Мјанмар, Никарагва и Уганда.
На овие држави им е наложено да преземат низа правни и други мерки, за да можат да бидат отстранети од листата и да избегнат натамошни финансиски казни.
„Албанија повторно по пет години се најде на сивата листа на земји со недотстаток во законодавството против перење пари и друг ризици од организран кримнал.На оваа листа беше во периодот 2011-2015 година а беше избришана во 2015 година,-пренесуваат албанските медиуми.
Исто така наведуваат дека соодветното тело на Советот на Европа, пред две години констатирало дека политичките механизми на албанската влада не се целосно ефикасни во спречувањето на ситуацијата.
„Присуството на една земја на сивата листа го отежнува добивањето финансиска помош од ММФ, Светската банка и Европската унија,посочуваат медиумите.
Министерката за финансии Анила Денај рече дека досегаште истраги за конфискувани средства стекнати од нелегални активности биле позитивни.
– Албанија постигна напредок во овој поглед. Сметам дека е потребно зголемување на висината на казната за обвинението за „перење пари“. Досега конфискувани се 65 милиони евра од блокиран имот – изјави Денај.
Според неа 74 милиони евра се конфскувани од сметки од истрага на криминални крупи врз основа на „анти мафија“ законот, додека во последните две години на суд се доставени 74 случаи за истрага за перење пари.Тоа, додава, дека се повеќе случаи од оние кои биле во последните десет годни.
Медиумите го посочуваат фактот дека на „сивата листа“ се само две европски земји, Албанија и Исланд.