Албанија одбележува 10 години од членството во НАТО

40

Со низа активности Албанија денеска одбележува 10 години од членството во НАТО.

Посебно спектакуларен беше прелетот на авиони на НАТО над албанското небо.

Претседателот на Албанија и врховен командат на вооружените сили, Илир Мета во обраќањето на свеченоста искажа подготвеност на неговата земја за секоја иницијатива која е во насока на зајакнување на Алијансата.

– Не можам да го започнам овој поздрав без да ги поканам сите да аплаудираат за воздухопловните сили на НАТО, кои денеска не само што ја почестија оваа парада, туку особено за она што го направија на 24 март 1999 година, рече Мета, потсетувајќи на интервенцијата на НАТО на Косово.

Според него, членството во НАТО е еден од најголемите настани во историјата на Албанија.

– Членството на Албанија во НАТО пред 10 години е еден од најголемите настани во историјата на Албанија и албанската нација. Посебна благодарност до оние мажи и жени во униформа за ова достигнување. Посебна благодарност искажувам кон американскиот претседател Џорџ В. Буш, кој со својата посета на Тирана, ги забрза напорите за постигнување на оваа цел. Албанија презеде обврска да ги модернизира и реформира вооружените сили. Како претседател на Републиката, ќе ја поддржам секоја иницијатива, секој проект кој ќе ја зајакне кохезијата на Алијансата. Убеден сум дека растот на буџетот ќе остане приоритет. Борбата против националниот тероризам, илегалната емиграција и кибер-нападите бара поголем ангажман од нашите земји, нагласи меѓу другото Мета.

Тој не заборави да спомне дека набрзо 30-та членка на НАТО ќе стане Република Северна Македонија, која „со нетрпение ја очекуваме“ и оти Алијасата нуди незаменлива гаранција за мирот и безбедноста на Балканот.

На одбележувањето на десет годишнината од зачленувањето на Албанија во НАТО присуствуваше и делегација на Генералштабот на Армијата на Република Македонија, предводена од генерал потполковник Методија Величковски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...