Албанија не им дозволи влез на околу 100 грчки државјани

102

На преминот Какавија, на албанско-грчката граница кај Ѓирокастро, албанските власти не им дозволија влез на околу 100 грчки државјани, кои сакаа да присуствуваат на 40-дневниот помен на Костандинос Кацифас.

Полицијата потврди дека меѓу нив има и лица кои Албанија ги прогласи за непожелни личности ден по погребот на Коцифас, поради нивната „неприфатлива, навредлива и опасна“ активност на денот на погребот.

За „персона нон грата“ беа прогласени 52 лица на кои им се забранува влез во земјата во период од пет години. Еден од нив е и Панајотис Савидис,новинар на весникот „Прототема“ кому влез не му беше дозволен синоќа.

Албанската полиција, покрај зајакнатите безбедносни мерки во Буларат, родното село на Кацифас, како и на националниот пат Ѓирокастро-Какавија, на сите гранични премини има доставено список на лицата на кои им е забранет влез во земјата.
Кацифас(35) албански Грк, кој поседувал и грчко државјанство, беше убиен во Буларат, во престрелка со полицијата на 28 октовмри.

Инаку, на денешниот помен  за Кацифас во Буларат, освен жители на селото и околните населени места, каде главно живеат припадници на грчкото малцинство, се очекува да присуствуваат и неколку стотици грчки државјани

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...