Албанија и Косово ги поддржаа нападите врз Сирија

82

Албанија и Косово застанаа зад воздушнте напади врз Сирија што ги изведоа САД, Велика Британија и  Франција.

Во реакцијата на претседателот на Албанија Илир Мета стои дека Албанија е на страната на западните сојузници.

„Ја подржуваме воената интервенција на САД, Францја и Британија врз хемискиот арсенал на криминалниот режим на Асад. Ние сме на страната на нашите сојузници и ја подржуваме одлучноста на претседателот Трамп во заштитата на човечките животи  и човековите права, се наведува во реакцијата на Мета.

Поддршка даде и Владата во Тирана преку Министерството за надворешни работи а не изостана ни поддршка за нападите  од опозициската Демократска партија, која ги смета за целосно легитимни.

На иста линија со Албанија се и косовските институции и политичките партии.

– Косово ја подржува интервенцијата на евоатланските сојузници за да се спречи режимот на Асад во Сирија. Хемските напади врз невините цивили се неправедни, а обидот на демократските земји да воспостават мир во оваа земја е неопходна активност – смета косовскиот премиер Рамуш Харадинај.

Косовските медуми наведуваат дека во нападите се користени идентични бомби како и при нападите што во 1999 година ги изврши НАТО врз Србија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...