Албанија и Грција ќе се поврзат со железничка линија преку изградба на пруга од Лерин преку Костур до Подградец.
Проектот ќе биде финансиран од „Интерег-ИПА ЦБС Грција-Албанија“.
На средбата одржана во Костур посветена на железничкото поврзување меѓу двете земји, нагласено е дека проектот ќе биде дел од трансевропската мрежа.
Генералниот секретар на грчкото Министертво за транспорт, Танос Боурдас, го нагласил големото значење на проектот, не само за Албанија, Грција и Западен Балкан, туку и за цела Европа.
Новата железничка пруга Лерин-Костур-Подградец ќе биде дел од железницата Солун-Драч-Тирана-Црна Гора-Србија која ќе ја зацврсти железничката поврзаност како на Западен Балкан така и со подрајето на средна Европа.
Албанија планира со железничка линија да се поврзи и со Косово и со Македонја.