Официјална Тирана побара од грчките власти да спроведат темелна истрага во функција на целосно расветлување на околностите за убиството на албанскиот државјанин Петрит Зилфе на островот Крф.
Убиениот Албанец, кој е од градот Берат, живеел во Спартера на Крф.
Портпаролката на албанското Министертво за надворешни работи, Едлира Пренди изјави дека амбасадата на Република Албанија во Атина била известена од Генералната управа на полицијата на Атика за убиството на албанскиот државјанин Петрит Зифле, роден на 03.07.1955 година во Албанија, жител на градот Берат кој од неодамна престојувал во Спартера на Крф.
– Министерството жали за загубениот живот на својот државјанин Петрит Зифле, го поздравува апсењето на напаѓачот од страна на грчката полиција и повикува на темелна истрага поради целосно расветлување на околностите за убиството – истакна Пренди.
Зилфе бил убиен со ловџиска пушка на 25 ноември, а неговото тело било пронајдено еден ден подоцна во канал од страна на случаен минувач. За убиството е уапсен 44-годишен Грк,з а кого се смета дека е член на ескремистичката „Златна зора“.
На убиството му претходела расправија во кафеана во која се вмешал Зилфе, кога при аргументирањето за Македонија биле клеветени и навредувани сите негрчки граѓани. Тој возвратил, по што дошло до кошкање а откако биле разделени Зилфе си заминал. Убиецот го чекал во заседа и откако го усмртил го фрлил во канал покрај локалнот пат меу Драготна и Спартера.