Пејачката Аланис Морисет наскоро ќе стане мајка на трето дете. Оваа среќна вест ја објавила на Инстаграм, со фотографија на која пее на микрофон и гордо го покажува трудничкиот стомак.
На црно бела фотографија се гледа нејзинииот стомак.
„Толку многу новости“, напишала 44-годишната пејачка, сопственичка на еден од најуспешните албуми на сите времиња, „Jagged Little Pill“.
Пејачката со сопругот Марио Сулеј Тридвеј, за кого се омажи во мај 2010 има син и ќерка. Освен што важи за голема поборничка на доење, таа почна и кампања за да се крене свеста за постородилната депресија, низ која минувала со двете бремености.
FOTO: Instagram/Printskrin