Алабама воведе хемиска кастрација за осудени силувачи

195

Гувернерката на Алабама, Кеј Ајви, потпиша закон со кој се воведува задолжителна хемиска кастрација за оние кои силувале девојки или момчиња на возраст под 13 години.

Законот предвидува дека тие мора да почнат со медицински третмани еден месец пред да бидат пуштени од затвор, а соодветните лекови ќе треба да земаат додека судот не одлучи дека тие може да престанат.

– Тоа е важен чекор во заштитата на децата во Алабама – изјави гувернерката по потпишувањето на законот.

Осудените силувачи ќе мора да платат сами за медицинскиот третман, што вклучува пиење таблети или примање инекции со хемиски супстанци што блокираат тестостерон во телото.

Алабама е седмата американска држава што воведе законот за хемиска кастрација на силувачи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...