Севернокорејски пребези употребуваат празни пластични шишиња за вода за да испратат храна, лекови и УСБ со филмови на жителите на Северна Кореја.
Тие ги фрлаат шишињата во морето кое за 4 до 5 часа ги носи до бреговите на Северна Кореја.
Активистите од Јужна Кореја немаат доказ дали шишињата доаѓаат во рацете на Севернокорејците. Се знае само дека рибарски бродови собираат дел од нив, а дел властите на државата.
Но, 81 отсто од пребезите од Северна Кореја рекле дека гледале странски филмови, што е доказ дека дел од испратеното пристигнува до бреговите на северната држава.
Акцијата трае веќе две години.
People are using water bottles to send food, medicine and K-pop to North Korea. pic.twitter.com/XhOgoVMGzf
— AJ+ (@ajplus) May 3, 2018