Актерка го снимила Харви Вајнстин како сексуално ја вознемирува

Томпсон е една од десетиците актерки кои го обвинуваат Вајнстин за сексуално вознемирување.

373

Холивудската актерка Мелиса Томпсон објави видео од продуцентот Харви Вајнстин, на кое се гледа како тој се однесува на бизнис средба со помлада девојка.

Томпсон е една од десетиците глумици кои го обвинуваат Вајнстин за сексуално вознемирување и дека се обидел да ги искористи, што и се потврдува од видеото. Снимката е од 2011 година, кога актерката имала 28 години.

На него контроверзниот продуцент постојано и дофрла и се обидува да ја допре, а таа за цело време се труди да го оттурне.

ФОТО: видео

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...